April 27, 2024, 12:59 am

БРАШНО И ЗЕЈТИН СЕ ДЕЛАТ ВО СТРУМИЦА: Полицијата ги обезбедува активистите на СДС во Струмица кои делат брашно, зејтин и пари!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се потврдуваат информациите за изборниот поткуп кој со полициско обезбедување во моментов се случува во Струмица, во селата околу Струмица и во Турското маало во градот

 

Какко што може да се забележи на фотографиите, нешто пред полноќ пред штабот на СДС се паркирани полицски возила, а од продавницата наспроти штабот граѓани се повикувани и подигнуваат брашно и зејтин, информираат струмичани.

Како што информираат струмичани, во моментов во градот се случува вистинска полициска окупација, а неколку екипи од Скопје, Тетово и Велес се пристигнати во градот како поддршка за струмичката екипа од полицијата да ги чуваат штабовите на владеачката партија, каде што вечерва се забележуваат голема количина на луѓе кои влегуваат и излегуваат од штабот.

 Според тоа што го кажуваат струмичани се работи за акција на купување на гласови, а функционери од партијата делат пари на граѓаните. Ова особено било забележително во т.н. „Турско Маало“.

Дополнително, носителот на листата на СДС за Струмица Марјан Даскалов бил забележан во струмичкото село Банско каде што оди од куќа во куќа и дели пари.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This