Веќе некое време се шушка за врската на познатиот холивудски актер Бред Пит и младата германска манекенка Никол Потуралски, а приказната доби и ново продолжение.
Американските медиуми пренесуваат дека Никол е бремена, а дека актерот, наводно, ќе стане татко седми пат.
И двајцата се многу возбудени, иако Бред во прво време беше малку шокиран и збунет“ – открива извор близок на двојката.
Странските медиуми пренесуваат дека Никол е во третиот месец од бременоста и дека напролет би требало да се породи.
Нивната врска и однос брзо се развија. Бебето не го планираа, но им се случи и сега се во слатко исчекување. И двајцата посакуваат девојче, особено Никол, која веќе има син“ – открива изворот, а двојката се’ уште не ги искоментира информациите за бременоста.
И Анџелина Џоли не се огласи по повод на оваа вест, но земајќи предвид дека официјално се’ уште е во брак со Бред, оваа вест тешко ќе ја свари.