Бремената Билјана славеше развод во венчаница: На свадбата сменив три фустани, сега доста е еден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Србинката Билјана Рупар од Ниш викендов го прославила 35-тиот роденден и разводот од бракот со веселба со 100 гости во една позната нишка кафеана. Специјално за таа пригода кафеаната била декорирана во црна и златна боја, а гостите добиле покани во црна боја со насликан череп.

Славеничката била во модерна бела венчаница, но сите гости, освен старосватицата биле облечен во црно, а црна боја биле и подароците и цвеќето кое го добила. До свечената сала, Рупар дошла преку црвен тепих, по кој имало посипано рози.

Билјана, која е архитект по занимање и сопственичка на успешен козметички салон, изјавила дека сака да прославува и оти за своите родендени секогаш поканува многу луѓе, па така и разводот од бракот сакала да го прослави на тој начин.

– Пријателка пред пет, шест месеци ми испрати фотографија од госпоѓа од Јагодина која го прославила разводот од бракот. И реков, доколку некогаш се разведувам ќе направам исто, само многу подобро. Тогаш не планирав развод, но бидејќи се случи тоа, се решив да го прославам, истакнала Рупар.

Таа изјавила дека одлучила да облече бела венчаница за прославата на разводот и дека таа и е доволно бидејќи на свадбената веселба носела три венчаници – сина, беж и црна. Со сопругот се развела спогодбено и останале во одлични односи.

– Разводот не е добар, но мојата порака до сите оние на кои ќе им се случи е дека не треба да очајуваат и да не бидат кукавици. Никогаш не се знае зошто е тоа добро, изјавила Рупар.

Таа додала дека со поранешниот сопруг четири години се обидувала да добие дете, но тоа не и успевало и покрај лечењето.

– Месец и пол после разводот останав бремена. Се решив да го задржам бебето и да бидам самохрана мајка. Сега сум во третиот месец од бременоста, изјавила Рупар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This