April 20, 2024, 10:07 am

Брзо и лесно, џем од кајсии, готов за половина час

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Има ли нешто поубаво од џем од кајсии, па одозгора и без варење и мешање. Сè што ви е потребно се 1.5 килограм исчистени кајсии и 600 грама шеќер.

Кајсиите добро измијте ги, исчистете ги и ставете ги во подлабока тепсија, може да ви послужи и некое поголемо тенџере или пак земјен сад. Ставете го шеќерот внатре во нив, покријте со алуминиумска фолија и ставете ги во загреана рерна на 200 степени да се крчкаат. Во текот на нивната подготовка проверувајте ги.

По половина час, извадете ја фолијата и помешајте го џемот. Ќе забележите колку сето тоа изгледа убаво и дека смесата пуштила сок. Може во мала чинија да ставите малку од џемот. Оставете да отстои неколку минути, па проверете дали ви одговара густината.

Доколку сакате може дополнително да го допечете. Врелиот џем ставете го во загреани тегли и веднаш затворете ги. Замотајте ги во дебело ќебе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This