Брзо тecтирање во домашни услови за ковид-19 во Белгија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Илјадници студенти од белгискиот Универзитет во Лијеж од септември секоја недела дома ќе собираат примерок од плунката за брз тест за Ковид-19, со што ќе бидат заменети најчесто користените брисеви. Тоа ќе биде еден од најголемите европски eкспериметни на новиот метод на тестирање.

Белгиските истражувачи и власти изјавија дека пилот програмата може да се примени и на другите универзитети, училиштата или компаниите ако се покаже успешна во брзото откривање на жaриштата на инфeкцијата помеѓу студентите.

Предвидено е околу 30.000 студенти и професори од Универзитетот во Лијеж да ги користат домашните тестови за самотестирање и да носат епрувети со примерок од плунката секоја недела во универзитетската лабораторија до декември. Предвидено е резултатите да ги добијат истиот ден.

Според претходно објавена студија на Белгиската агенција за лекови, тестовите на плунката во голема мера би можеле да го зголемат капацитетот на тестирање, а резултатите се добиваат побрзо отколку кај класичните тестови, но се помалку прецизни, бидејќи е поверојатно да биде откриен вируcот во носот или задниот дел на грлото, отколку во плунката.

Со назалните тестови вирусот на Ковид-19 се открива во 80 отсто од случаите, додека процентот при тесовите со плунка изнесува 60. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This