БРИСЕЛ ГИ ИСКРШИ ЗАБИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Освен уцени, закани и ултиматуми ЕУ нема друг начин на дипломатија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По поддршката која Иванов ја доби од унгарскиот премиер Виктор Орбан, јасно е дека внатре во ЕУ нема единствен став кога е во прашање решавањето на кризата во Македонија

soros_protesti

Високиот комесар на ЕУ за проширување Јоханес Хан, кој завчера во Скопје дојде за да ја „разреши“ кризата, направи уште поголем проблем, бидејќи наместо политички дијалог, како што се очекуваше, тој јавно поддржа само една страна – опозицискиот лидер Зоран Заев и албанските партии во намерата да формираат влада.

Хан одлуката на Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов да не го доделува мандатот за составување на нова влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев ја нарече недемократска, а одбивањето на шефот на државата да се сретне со него предизвика додатен револет кај бриселските претставници.

Сегашната политичка ситуација во Македонија, слободно може да се каже е полоша отколку пред три години кога започна кризата. Опозицијата по раководство на западната марионети Зоран Заев, усеа да издејствува вонредни избори по договорот во Пржино (кои беа три пати поместувани) до кој се дојде под раководство на ЕУ и САД. Договорот го потпишаа двете водечки партии – ВМРО-ДПМНЕ на Груевски и СДСМ на Зоран Заев, но и најголите албански партии, меѓу кои и водечката на Али Ахмети.
przino-1-610x250

На изборите највеќе гласови доби ВМРО, и можеше да се очекува дека ДУИ, меѓу кои имаше долгогодишно партнерство во власта, да се испочитува пишаното правило за најголемата македонска и најголемата албанска партија со највеќе гласови да прават влада. Европската унија ги обврза сите учесници дека изборните резултати и волјата на граѓаните мора да се почитуваат. Меѓутоа, ден по истекот на мандатот за формирање на влада, ДУИ ја откажа коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.
edi_2
ЕУ на тоа не реагираше, како ни на предупредувањето на македонскиот претседател дека прифаќањето на „тиранската платформа“, чиј кум беше Еди Рама, а која содржи низа услови за учество на албанските партии во новата влада во Македонија би можела да предизвика поделба на државата.
372825-pretsedatelot-ivanov-kje-ima-zaednichko-intervju-za-povekje-televizii-76960
Барањата од тој документ, се услови за идните коалициони партнери кои фактички би довеле до промена на Уставот на Р.Македонија, со што Албанците би добиле многу поголеми права кои врзуваат се од автономија до федерализација на држаата. Груевски не ја прифати таа игра, но ја прифати Заев, кој тогаш од Иванов побара да му го довери мандатот за формирање на влада бидејќи има парламентарно мнозинство. Иванов тоа го одби, бидејќи верува дека таков план оди на штета на Македонската држава. Во исто време, ЕУ се обиде да го присили Иванов, како што велат, да ја „почитува демократската волја на народот“, иако на улиците на Македонија секој ден има се повеќе и повеќе демонстрации против Заев и Тиранската платформа.

Меѓутоа, ЕУ ниту сега нема слух за случувањата во Македонија, а многу е возможно и дека нема конкретно решение за овој проблем.

Волјата на Македонците беше јасно видлива за време на посетата на Хан во Скопје, кога на улиците на Скопје имаше речиси 300.000 луѓе кои се бунат против таканаречената „тиранска платформа“ и даваат поддршка за Иванов за потезите кои ги влече шефот на државата. Од друга страна, фактот што Хан одби да се сретне со организаторите на протестите говори дека ЕУ нема слух за превирањата во Македонија.

Хан од Скопје замина со незавршена работа, а Иванов е првиот претседател од овој регион кој одби да се сретне со вака висок претставник на ЕУ.

Тоа може да значи две работи: дека ЕУ освен присилба и ултиматум нема друга дипломатија, и дека постои некој на овие простори кои на Европската унија во лице и рече: „Не“.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This