Британија испраќа специјaлци во Украина поради евeнтуална инвазиja од страна на Русија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оперативна група со бројност до 600 припадници на специјалните воени сили е подготвена да биде прекомандувана во Украина за евентуална „инвазија“ од страна на Русија, пишува британскиот весник The Mirror.

Според изворите на весникот, Лондон формира единици составени од припадници на специјалните сили, специјалниот разузнавачки полк, медицински лица, инженери и специјалисти за комуникации и до 400 падобранци од 16-та воздушна јуришна бригада чијашто база е во Олдершот во југоисточната англиска грофовија Хемпшир.

„На единицата која е во состојба на висока борбена готовност ѝ било кажано дека е можно дека ќе биде потребно за многу кусо време да биде распоредена. Подготвени се од 400 до 600 војници. Целата опрема е спакувана, подготвени се да полетаат за Украина и да изведат десантни скокови“, рекол соговорникот на The Mirror.

Претходно седмицава британското министерство за одбрана потврди дека испраќа неколку стотини припадници на вооружените сили во Полска на границата со Белорусија, каде во екот на мигрантската криза наводно треба да направат процена и да помогнат во подигнувањето на ѕидот кој полските власти планираат да го подигнат на границата со Белорусија.

Исто така седмицава американскиот државен секретар Ентони Блинкен на средбата со украинскиот колега Дмитриј Кулеба коментирајќи ги извештаите за наводното раздвижување на руски единици на украинската граница, ја предупреди Москва „да не ја повтори грешката од 2014 година“, кога „трупаше сили по должината на границата, ја мина и навелзе на суверената украинска територија, а притоа лажно изјави дека била испровоцирана“.

Од Москва на оваа изјава на Блинкен коментираа дека американскиот дипломат зборува за нешто што никогаш не се случило и за изјави кои никогаш не биле дадени. Но рускиот претседател Владимир Путин оцени дека се „многу алармантни“ тврдењата на Западот дека Русија наводно се подготвува за инвазија во Украина.

Западните земји предводени од САД последните месеци зачестено изразуваат „загриженост“ поради наводни раздвижувања на руски воени единци во близина на границата со Украина. Руското министерство за надворешни работи коментираше дека изјавите за потенцијален конфликт меѓу Москва и Киев се нови во низата „континуирани измислици“ по ова прашање.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, седмицава на новинарите им изјави дека Русија ги распоредува своите војски на својата територија според сопствените процени, како и дека тоа не претставува закана кон никој и оти не траба никого да загрижува. Истовремено Песков потсети дека секоја земја којашто се наоѓа во нестабилен регион ги презема неопходните мерки за да ја осигури сопствената безбедност.

Покрај мигрантската криза на полско-белоруската граница која ескалира до процени за можен конфликт кој директно би ги конфротнирал НАТО и Русија, тензиите растат и во регионот на Црното Море, каде што последниот месец се зголемени воените активности на САД и сојузнциите од Алијансата. Руското министерство за одбрана предупреди дека западните земји се обидуваат да создадат борбени групи во близина на границите со Русија и за зачестени провокации и разузнавачки активности од американски и британски авиони и пловила во областа. Една од целите на Вашингтон е засилено директно воено присуство во Украина и САД ја разработуваат ситуацијата доколку Киев се реши за воено решените на ситуацијата со отцепените рускојазични југоисточни региони во Донбас, сметаат во Москва.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This