April 20, 2024, 12:08 am

БРИТАНИЈА НЕ ЗНАЕ ШТО САКА: Уште една алтернатива за Брегзит отфлeна од пратениците!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Британскиот парламент повторно гласаше за можна опција за Брегзит. Повторно ниту една алтернативна можност не е изглaсана.

Британскиот парламент гласаше за четири алтернативни предлози за истапување од земјата од членството на ЕУ, јавува АП агенција.

Наместо вообичаеното гласање со кревање рака или станување, пратениците добија ливче хартија на која требаше да заокружат едно од можните опции.

Два од предлозите се однесуваа на продолжување на економските врски со ЕУ после Брегзит.

Еден се однесува на единствена царинска унија и останување на пазарот за стока и услуги, по моделот на Норвешка.

Третиот предлог е организирање референдум на кој граѓаните треба да гласаат и да се изјаснат за спогодбата која ја постигнаа Лондон и Брисел во ноември, а парламентот три пати го отфрли.

И четвртиот предлог се однесува на случајот на нeдостаток на било каков договор за Брегзит, два дена пред негово стапување на cила, пратениците да гласаат за Брегзит без договор.

Претседателот на Европската комисија, Јункер денеска рече дека време е британскиот парламент да каже што сака од „брегзит“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This