БРИТАНСКИТЕ МЕДИУМИ ПРЕНЕСУВААТ СВЕДОШТВО: Жена од Сирија го нарече Трамп „ментално болен“, Асад како заштитник на земјата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Амира Џабер, 46-годишна жителка на Хомс, градот во кој се нападнати наводните лаборатории за хемиско оружје, во разговор за британски „Гардијан“ вели дека е подготвена да умре за својата земја.

 

–Спиевме кога не разбури страшна експлозија. Беше престрашно, особено за децата. Трамп е ментално болен и нема да не исплаши со своите ракети. Имав двајца синови, едниот од нив беше мачен додека се бореше со сириската војска за да ја ослободи Сирија од криминалци и терористи. Умре. Другиот е полицаец и се уште ѝ служи на својата земја. Ќе победиме се додека наш претседател е Башар ал-Асад, вели Амира.

-Не може да ни се случи ништо полошо од ова што веќе ни се случува. Нека прават што сакаат. Попрво ќе славиме одошто да тагуваме. Трамп се обидува да го заташка неуспехот, зашто не докажа дека сириската војска користела хемиско оружје. Да сакаше сириската војска да употреби хемиско оружје, немаше толку години да се бори туку досега ќе го употребеше. Америка и сојузниците лажат самоз а да ја нападнат Сирија. Но, никогаш нема да ни ја ослабат љубовта кон нашата земја, завршува оваа силна жена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This