Извештајот за наводното компромитирачко досие за новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, кое наводно го има Русија, го подготвил поранешниот соработник на британската разузнавачка служба МИ-6 Кристофер Дејвид Стил.
Сега тој е еден од директорите на приватна фирма “Орбис бизнис интелиџенс“”, која се занимава со oбезбедување. Извештајот, според податоците, го подготвил по наредба на ,, противникот на Трамп во Републиканската партија, а потоа медиумите го препродале на демократите“.
Според Ен-Би-Си, објавувањето на кратката верзија на извештајот на Си-Ен-Ен како и целосна верзија од 35 страници на “Bazfid” предизвика негативна реакција кај Трамп и неговиот тим, кои ги нарекоа овие информации “од почеток до крај фалсификувани “.
“Мислам дека тоа е срам за разузнавачката служба да објавуваат информации кои се измислени”, изјави Трамп во својата прва прес-конференција. Тој додаде: “Такво нешто може да се направи, и го работеше, Германија”.
Вчера портпаролот на премиерот Дмитриј Песков ги отфрли обвинувањата дека Русија се занимава со собирање на компромитирачки материјали за Доналд Трамп, како и за Хилари Клинтон, нарекувајќи ги овие изјави за “апсолутна измислица.”