April 25, 2024, 11:57 am

БРИТАНСКИТЕ СЛУЖБИ ГО ОТРУЛЕ СКРИПАЉ: Москва има докази дека всушност Лондон е вмешан во труењето на Скрипаљ?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Велика Британија не сака да се идентификуваат виновниците во случајот со труењето на поранешниот руски разузнавач Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, што навестува дека во инцидентот може да биле вклучени британските специјални служби, велат од Министерството за надворешни работи на Русија.

” При анализата на сите околности, имаме впечаток дека Лондон нема намера да се утврди вистинскиот мотив за инцидентот и се пронајдат одговорните, што доведува до сомнеж дека во инцидентот можеби биле вклучени британските специјални служби”, се вели во соопштението на министерството.

Во исто време, Министерството ги обвини британските власти дека не можат да ја обезбедат безбедноста на руските граѓани на нејзината територија по повод труењето на Јулија Скрипал, која е граѓанин на Руската Федерација, ќерка на поранешниот руски разузнавач Сергеј Скрипал.

Од Москва велат дека таков бил случајот и со поранешниот член на руската Федерална служба за безбедност Александар Литвиненко, како и бизнисмените Бадри Патаркацишвили и Александар Перепилини, а под знак прашање го доведуваат во прашање и мистериозното самоубиство на Борис Березовски.

Министерството истакна дека Лондон шири анти-Руска кампања базирана на претпоставка за апсолутна вина на Русија, создавајќи конфронтации и демонстрирајќи сила во близина на руската граница.

“Постои очигледен обид за поткопување на политичката и дипломатската соработка со цел да се спречи објективна истрага за инцидентот во Салсбери,” се вели во соопштението.

И покрај тоа, Министерството очекува во Лондон ќе соработува со Москва за решавање на обидот за убиство на руската државјанка Јулија Скрипал, а најавуваат и конкретни чекори.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This