April 18, 2024, 11:55 pm

БРИТАНСКИ ИСТОРИЧАР: Тоа што им се прави на Македонците е чист расизам

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Др. Марко Атила Хоаре, британскиот историчар од Универзитетот Кингстон, во серијата преписки на Твитер со многумина грчки историчари но и обични граѓани, ја прогласи за расистичка идеата да не му се признава правото на еден народ за самоидентификација.

„Грчкото политичко малтертирање на Македонија во ЕУ, влече корени од отворената предрасуда дека само грците можат да се идентификуваат како македонци. Што доколку црнец сака да се идентификува како Македонец? Тие тоа сигурно не би го прифатиле. Тоа е чист расизам“ вели во еден од своите статуси на Твитер историчарот Хоаре.

„Идентификацијата на Античките Македонци како Грци е тежок фалсификат, исто како и изедначувањето на војните меѓу грчките градови, со војната меѓу Македонија против сите нив заедно.“ им објаснува Хоаре на грчките екстремисти.

Инаку Др. Марко Атила Хоаре има хрватско потекло, неговата мајка е новинарката Бранка Магаш, додека неговиот татко е британец.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This