БРИТАНСКИ МЕДИУМИ ЗА СЛУЧАЈОТ „СКРИПАЉ“: Труењето води кон САД и Хилари Клинтон, не кон Русија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Британски “Telegraph” открива дека Сергеј Скрипал бил поврзан со Кристофер Стил, автор на досието против Трамп и британски шпион поврзан со групата “Fusion GPS”, па според тоа и директно поврзан со Демократскиот национален конгрес и Хилари Клинтон во САД.

Врската со Кристофер Стил се темели на фактот дека британскиот агент на агенцијата “MI6” е специјалист за Кремљ, и како таков и бил потребен на Хилари Клинтон за да се обиде да пронајде нешто што Трамп директно ќе го поврзе со Русите.

Сето тоа го отвара прашањето дали е Скрипал последна жртва на Клинтонови? Труењето е изведено крајно аматерски, знаејќи дека британската влада и луѓето како Борис Џонсон делото веднаш ќе го оквалификуваат како “напад под покровителство на руската држава”.


Ќерката на Скрипал, Јулија, живеела во Русија, и зошто тогаш Русите би чекале таа да се врати во Британија за да ја отрујат? Таква глупост не би направил никој од руските шпиони, оперативци или припадници на некој од клановите на организираниот криминал – стои во текстот на британскиот весник.

Порталот “Gateway Pundit” со право се прашува: “Кој го отрул Сергеј Скрипал? Кој заработил пари од убиството? Русија го отфрлила обвиненијата за труењето, а рускиот министер за надворешни работи изразил негодување поради изјавата дека Москва стои зад нападот, и рекол дека Кремљ бил подготвен да помогне во истрагата, но изгледа дека трагата води до мешањето во американските избори”.

Меѓутоа, не од страна на Русија, бидејќи Скрипал работел тајно за екипата на Кристофер Стил, кој е поврзан со лажното “руско досие” на Доналд Трамп.

Поради лажното досие на Кристофер Стил, корумпираните службеници на ФБИ и американското Министерство за правда го следеле Трамп, неговото семејство, неговите соработници, неговиот транзициски тим и неговата администрација. Па што знаел Сергеј Скрипал за досието на Стил?


Сергеј Скрипал бил регрутиран од MI6 додека работел во британската амбасада во Естонија. Така барем тврдат руските безбедносни служби. Кога Русија открила дека Скрипал од британската служба “Mi6” добил 100.000 долари за да каже имиња на руски разузнавачи во Европа, истата година кога бил отруен Александар Литвиненко, 2006-та, бил осуден на 13 години затвор. Меѓутоа, во 2010. година Скрипал бил еден од четирите затвореници ослободени од Москва во замена за 10 руски шпиони во САД, по што бил префрлен во Велика Британија, каде се здружил со Кристофер Стил.

“Telegraph” дознава дека Скрипал се преселил во Солисбери во 2010. година, а во подоцна како безбедносен консултант го ангажирал Кристофер Стил, кој составил лажно досие за Трамп.


Неодамна деактивираниот профил на “LinkedIn” открива дека британскиот безбедносен советник бил во Солисбери и работел за агенцијата “Orbis Business Inteligence” На Стил. Познато е дека Стип собрал низа дописи против Трамп во име на компанијата “Fusion GPS”.

Првите седумнаесет луѓе од лажното досие “Трамп-Русија” станале мета на ФБИ. Британските медиуми за труењето на Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија ја нарекле “апсолутно бесрамен предизвик за Велика Британија до страна на рускиот претседател Владимир Путин”. “Gateway Pundit” додава: “Полицијата ја повика британската војска да ги истражи нападите”.

Никој не тврди дека Хилари Клинтон или некој нејзин соработник наредил труење на Скрипал и неговата ќерка, но покрај овие приказни, кои би можеле да потресат некои американски институции и агенции во САД, тврдењата на Борис Џонсон за вината на Русија не може да се отфрлат како бесмислени.

13 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This