БРИТАНСКОТО ББС ЈА ОТКРИВА НАЈЧУВАНАТА ХАШКА МИСТЕРИЈА: На Милошевиќ во Хаг му го украле мозокот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Никој не знае каде е мозокот на Слободан Милошевиќ!- пишува Ало.рс пренесува Извештај на ББС

Телото на поранешиот претседател на Србија веќе 12 години почива под липите во Пожаревац, но без мозок. Неговиот мозок бил изваден и задржан во Хаг, изјавиле за ББС тогшните официјални лица на Трибуналот.

Дека телото на Милошевиќ во Србија било пренесено без мозок , открива Кристијан Шартиј, кој за време кога се случи см рттаа на Милошевиќ, беше портпарол на Трибуналот.

-Се сеќавам дека телото на Милошевиќ во Март 2006 беше вратено во Србија без мозок. Не знам што се случуваше потоа, дали мозокот е вратен на семејството цел или во делови, или остана во Институтот-изјавува Шартиј за ББС. А Флоренс Артман, која во 2006 беше портпарол на Карла Дел Понте, главната обвинителка на Трибуналот, со својата изјава само ја разбуди мистеријата.

– Поради строгите холандски закони за приватноста не можевме да провериме дали останал во Хаг само мозокот, или и друг дел од телото, таква информација можат да добијат само холандските и српските државни органи и членовите на семејството- изјавила за британскиот јаве сервис.

ББС се обратило и до Холандскиот форензички институт, од каде што не успеале да добијат одговор на прашањето што се случило со мозокот на Милошевиќ, со образложение дека не им е дозволено да даваат информации за овој случај“ , но и штуро објасниле дека Институтот има право да задржи одредени примероци од телото за понатамошни истраги“.

Познатиот адвокат Тома Фила не верува, но воедно и прашува, зошто доколку е така не го задржале бубрегот или половиот орган за приплод, изјавува за Ало.рс/ во врска со извештајот на ББС.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This