April 23, 2024, 11:11 pm

БРИТАНСКО РEМEК ДEЛO: Кoмпaнијaта Морган пoвтoрнo го вoодушeви aвтoмoбилcкиoт cвeт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Британската компанија Морган повторно го воодушеви автомобилскиот свет со својот нов модел „Plus Six“.
„Plus Six“ привлекува внимание со својот елегантен дизајн кој е вистинско ремек- дело.

Конструиран е на напредна алуминиумска платформа која тежи нешто повеќе од еден тон.

Автомобилот кој е развиван од 30 инженери во себе има 3.0 литарски турбо-бензин БМВ мотор со шест цилиндри.

Ова претставува првиот Морган со турбо мотор. Силата на моторот е 340 коњски сили а од 0 до 100 км/ч развива за само 4,2 секунди додека максималната брзина е 267 км/ч.

Во овој автомобил се наоѓа и 8 степен БМВ менувач со контрола на брзините преку воланот.

Од Морган тврдат дека „Plus Six“ во комбинирано возење просечно троши 8,2 литри на 100 километри што е неверојатна бројка за автомобил со таква сила и забрзување.

Почетната цена на Морган „Plus Six“ е околу 90.000 евра во основната верзија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This