Адам Островски, експерт за управување со токсичен отпад ангажиран за Базелската конвенција, кој ја регулира меѓународната трговија со опасен отпад и потпишан од Велика Британија, вели „дека тоа е едно од најлошите парчиња нечист технолошки дампинг за кој е сведок во Источна Европа“.

Островски вели дека основната опрема е функционална, но недостига важен прилог за одржување на рамномерни температури или есенцијална опрема за чистење на отпадните гасови и за отстранување на токсините кои можат да предизвикаат рак и дефекти при раѓање.

-Јас сум изненаден што британската влада се обврза на таква практика, рекол тој.

-„Оваа технологија е забранета во Западна Европа, едноставно не е во ред да им ја даваме на Македонците, знаејќи дека ќе има токсични емисии и треба да се укине кога ќе влезат во ЕУ“.

Филип Рушбрук од Светската здравствена организација вели дека бил против опремата, но рекол: „Ова горење е многу подобро од алтернативата горење отпад во големи метални кутии кои произведуваат далеку полоши димни гасови и можни болести“.

Рушбрук признава дека печката за горење на отпад ги прекршила одредбите на ЕУ, но додал: „Можеби не сме успеале да најдеме пари за горење со напредна технологија. Ако го направивме тоа, Македонците можеби ќе немаа пари или експертиза за да управуваат со него.“