БРИТАНЦИТЕ ПРЕДВИДУВААТ ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА: Тестирањето на нова руска бомба според Британците е „агресија“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новата авионска бомба „Дрељ“, која оваа година ќе влезе во служба на руската војска, претставува „уште еден сигнал на агресија од Кремљ“, пишува британскиот таблоид „Дејли експрес“

„Дејли експрес“ смета дека новата муниција, наменета за петтата генерација ловци СУ-57, ги зголемува стравувањата во врска со можен почеток на Трета светска војна.

Текстот го цитира претставникот на концернот „Техмаш“, каде е развиена бомбата, кој вели дека со помош на истата може да се нападне мета на оддалеченост од 30 километри, избегнувајќи непријателски воздушен простор.

Една таква бомба опремена со 15 самонаведувачки подмуниции, кои се доволни да уништат тенковска колона или ракетна батерија. Притоа „Дрељ“ останува невилдив за радарот, пишува таблоидот.

„Дејли експрес“ тврди дека Русија соопштила за новата бомба набрзо по инцидентот во Солзбери кога беше отруен екс-разузнвачот на ГРУ Сергеј Скрипаљ, стои во текстот, што според нив „претставува уште еден сигнал на агресија на Кремљ“.

Врпочем, „Техмаш“ оваа бомба прв пат ја претстави на саемот за авијација МАСК, под името „Дрељ“ стана позната на форумот „Армија 2016“. Касетната бомба „Дрељ“ која во 2018. година ќе влезе во служба на Руската војска е предвидена за уништување оклопна техника, терестријални радарски станици и контролни пунктови во било кое време без авион кој би влегувал во зона на дејствија на противвоздушна одбрана.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This