Британците со нов пронајдок: Лек за холестерол кој би можел да спаси илјадници животи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Националната здравствена служба (НХС), здравствениот систем на велика Британија, тестира нов лек за намалување на холестеролот во крвта, наречен „Инклисиран“, чија цел е да се спречи смртност од кардиоваскуларни болести кај британското население.

Речиси половина од возрасната популација во Велика Британија моментално има нивоа на холестерол над националните упатства, а осум милиони луѓе во земјата редовно земаат лекови за намалување на липидите во крвта, пишува Медикал Њуз Тудеј (Medical News Today).

Новиот лек за намалување на холестеролот во крвта наречен Инклисиран ја зголемува способноста на црниот дроб да го намали нивото на липопротеини со мала густина (ЛДЛ), познат како „лош“ холестерол.

Резултатите од глобалното испитување спроведено од Империјал колеџ во Лондон покажаа дека лекот е многу ефикасен, а истражувањата во третата фаза покажаа дека Инклисиран, со интервал од шест месеци, го намалил нивото на холестерол до 50 проценти. Во комбинација со статини, истражувачите предвидуваат намалување на нивото на холестерол за 75 до 80 проценти.

Во текот на следните три години, може да биде достапен за околу 300.000 пациенти со висок холестерол и историја на кардиоваскуларни заболувања во Англија и Велс, објави британскиот НХС.

Доколку воведувањето на лекот оди според планот и 300.000 пациенти го примат лекот во следните три години, експертите веруваат дека тоа може да спречи 55.000 срцеви и мозочни удари во Велика Британија и да спаси повеќе од 30.000 животи во следните десет години.

Лекувањето може да биде достапно од 2021 година, а лекот ќе се дава двапати годишно на пациенти со висок ризик од развој на срцеви заболувања, а кај некои пациенти во комбинација со статини.

Инклисиран прво ќе бидат администриран во инјекции и ќе го даваат лекари од примарна здравствена заштита. Лекот треба да се инјектира три месеци по првата доза, а потоа редовно двапати годишно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This