Брнабиќ: „Егзит“ ќe бидe cимбoл нa пoбедaтa нaд пaндeмиjaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српската премиерка Ана Брнабиќ и Кризниот штаб на Србија, благодарение на успехот на масовната вакцинација и драстичното подобрување на епидемиолошката ситуација, официјално го означија 21 јуни како денот кога земјата ќе се врати на нормалниот живот и ќе овозможи одржување на фестивалите и концертите. Овој план создава пат кон целосно отворање на државата, со што „егзитовата“ прослава на 20-годишнината на Фестивалот планирана од 8 до 11 јули на Петроварадинската тврдина ќе биде еден од првите големи европски фестивалски настани ова лето.

– Благодарение на успехот во масовната вакцинација и сѐ подобрата епидемиолошка ситуација, желба ни е за Светскиот ден на музиката – 21 јуни, да ја отвориме земјата за собири, концерти и фестивали. Со тоа покажуваме грижа за менталното здравје на младите луѓе и на дело ја потврдуваме стратегиската определеност кон развој на креативните индустрии. Одржувањето на фестивалот „Егзит“, со кој Србија се гордее во светот, ќе биде еден од важните симболи на победа над пандемијата – изјави премиерката Ана Брнабиќ.

„Егзит“ и преостанатите големи српски фестивали, минатиот петок ја лансираа националната кампања за вакцинација насочена кон младите, а кон бранот оптимизам придонесуваат и рекордно ниските бројки на новозаразени во земјата. Како придонес кон општата безбедност, како и онаа на самиот фестивал, Министерството за здравство на Србија ќе обезбеди вакцини за 1.500 странски изведувачи и за посетителите. Исто така, „Егзит“ определи 3.000 влезници за отворањето на фестивалот на 8 јули, кои ќе им бидат поделени на медицинските работници.

Паралелно со оваа објава, во фестивалската листа на изведувачи се приклучуваат и неколку нови имиња. Хит мејкерот Робин Шулц, исклучително ценетиот холандски уметник Сатори, надоаѓачката турска хаус-ѕвезда Ече Екрен, како и низа изведувачи на омилената прогресивна транс-бина „Гаја транс експеримент“, ги потврдија своите настапи и ја засилија прославата за одбележување на 20-годишнината. Сите тие заедно ќе им се придружат на веќе претходно објавените голем број светски и регионални ѕвезди, меѓу кои се Дејвид Гета, Диџеј Снејк, Тајга, Асаф Авидан, Сабатон, Пол Калкбренер, Нина Крвиц, Борис Брејча, „Артбат“, „Хот Синс 82“, Шек Вес, Медуза, Соломун, Пол ван Дајк, Хани Дижон, Амира Медуњанин, „Буч Кесиди“, Марко Настиќ и многу други.

Водечките српски фестивали неодамна го презентираа и протоколот креиран во согласност со последните научни истражувања низ цела Европа, кои потврдуваат дека, со одредени ограничувања за влез на настаните, ризикот од ширење на заразата е речиси занемарлив. Протоколот предвидува дека на фестивалите ќе можат да влезат оние што се вакцинирани, кои имаат потврда дека прележале ковид-19, кои поседуваат негативен ПЦР или антигенски тест. Овој протокол наедно претставува и силна мотивација на младите да се вакцинираат, бидејќи главната мотивација за вакцинирање на оваа возрасна група е токму враќањето на нормалниот живот.
Во моментов во продажба се наоѓа ограничениот контингент влезници за „Егзит“ по промотивна цена од 3.950 денари, и со заштеда од 40 проценти во однос на финалната цена. Почната е и популарната акција „Купи 4, зграби 5“, која ќе биде достапна до истекувањето на многу ограничените резерви. Многу ограничен контингент на еднодневни влезници ќе биде пуштен во продажба во вторник, 1 јуни, по цена од 1.600 денари. Влезниците, пак, што се купени за изданието во 2020 г. важат за влез на годинашниот фестивал.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This