БРНАБИЌ: Наскоро интегрирани гранични премини на Србија со Македонија, Албанија и БиХ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска најави дека наскоро ќе биде отворен интегрираниот граничен премин со Северна Македонија, а вакви премини наскоро ќе бидат воспоставени и со Албанија и Босна и Херцеговина. Брнабиќ ова го соопшти на денешниот состанок со преставници на Стопанската комора на Србија (ПКС), јави дописникот на МИА од Белград.

На состанокот, претседателот на ПКС, Марко Чадеж кажа дека интегрираните гранични премини, каков што наскоро ќе биде воспоставен со Северна Македонија, значително ќе го олеснат непречениот проток на стоки кон и од Србија.

На крајот на јули, српскиот Парламент на предлог на Владата, го усвои законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Србија и Владата на Северна Македонија за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај, Прешево-Табановце.

Српските медиуми, повикувајќи се на извори од Царината, најавија дека воспоставувањето заедничка контрола на овој граничен премин ќе започне на крајот на август или почетокот на септември.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This