Брнабиќ: Приштина ќе се обиде да направи нешто слично како Црногорската православна црква

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека не треба да се исклучи дека Приштина ќе се обиде да направи нешто слично на Црногорската православна црква (ЦПЦ) на територијата на Косово.

Таа тоа го кажа по повод писмото на властите во Приштина во кое бараат од УНЕСКО српските цркви и манастири да се тргнат од категоријата загрозени, пренесува РТС.

Брнабиќ кажа и дека косовскиот премиер Аљбин Курти во писмото за српското културно и верско наследство и манастирите зборува како нивно културно и верско наследство, односно косовско наследство.

„Тоа ми кажува дека не треба да исклучиме дека тие на крајот ќе се обидат да направат нешто слично на Црногорската православна црква на територијата на Косово и Метохија, значи некоја нивна црква. Тоа е она на што сме ние спремни, знаеме како по дипломатски пат да се бориме против тоа“, порача премиерката.

Брнабиќ оцени дека писмото кое на претставниците на УНЕСКО им го испрати Аљбин Курти е врв на лицемерието и цинизмот.

„Манастирите се под постојано око на КФОР, особено Високи Дечани. Не може да се каже дека не им е загрозена безбедноста, а постојаните притисоци врз монасите и Српската православна црква продолжуваат“, укажа Брнабиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This