April 25, 2024, 10:35 am

Брнабиќ ќе живee во вилата на Јованка Броз

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српската премиерка Ана Брнабиќ може да започне да ја користи вилата во Белград каде со дeцении живееше вдовицата на Јосип Броз Тито, Јованка Броз, откако со декрет на Владата, вилата во улицата Кнез Александар Караѓоре на Дедиње ставена е во објектите за репрезентативни потреби на Република Србија. Одлуката е објавена во Службен весник и е потпишана лично од Ана Брнабиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Не е познато кога Брнабиќ ќе се пресели во државната вила малку позната како „Бор“, а повеќе по вдовицата на Тито, но зградата е скоро целосно подготвена за премиерката и нејзиното семејство,а истата по речиси шест децении беше реновирана во изминативе неколку месеци.

Медиумите претходно пишуваа дека нејзиното обновување е платено од 30 до 50 милиони динари (340.000 евра), додека директорот на Републичката управа за имот Јован Воркапиќ претходно изјави дека за целосна реконструкција на објектот се потребни околу 2,5 милиони евра.

Јованка Броз, вдовицата на поранешниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито, го нaпушти овој свет на 20 октомври 2013 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This