Брнз го брифирала Мицкоски за наpeдбата на Бајден за „цpнaта лиcтa“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз се сретнала со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за да го брифира за извршната наредба на претседателот на САД, Џо Бајден, за Западен Балкан.

Информацијата за средбата ја објави амбасадорката на Твитер.

-Извршната наредба е одраз на посветеноста на администрацијата на Бајден за борба против корупцијата и зајакнување на демократските институции, кои се важни приоритети и треба да бидат прифатени од сите партии во Македонија за да може земјата да влезе во ЕУ и да се подобрат животите на нејзините граѓани, напиша Брнз.

Американскиот претседател Џозеф Бајден потпиша Извршна наредба со која се проширува опсегот на вонредни мерки во врска со регионот на Западен Балкан, која опфаќа и замрзнување на имотот и забрана за влез во САД на лица кои работат против Договорот од Преспа и Охридскиот рамковен договор и нивното спроведување и ги поткопуваат мирот и регионалната соработка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This