Бројот на потврдени на Ковид-19 надмина 5000, првпат двоцифрен број на починати во еден ден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За 24 часа во земјава починаа 11 луѓе од вирусот КОВИД-19, што е најголем и првпат двоцифрен број од почетокот на епидемијата пред четири месеци. Нови потврдени од вчера има уште 185 од 1364 тестирања, а повеќе од половина (96) се во Скопје. Бројот на дијагностицирани достигна 5005.

Меѓу заразените се и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и мајката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Позитивни на КОВИД-19 со полесна и средна клиничка слика, возрасни и деца, од денеска ќе се примаат и во Детската болница Козле.

Од 11-те починати, осумммина биле пациенти во ГОБ „8 Септември“ на возраст од 53 до 76 години. Три лица починаа во болниците во Куманово, Штип и Тетово, на 78, 63 и 62 години. Со овие последни жртви на вирусот од вчерашниот билтен на Министерството за здравство, вкупниот број на починати во земјава достигна 233.

По Скопје како најголемо жариште, најмногу нови позитивни има во Струга (20), Дебар (18), Тетово (14), осум во Ресен, седум во Охрид, четворица во Штип, тројца во Кичево, по двајца новодијагностицирани во Куманово, Велес, Битола, Кавадарци, Гостивар и Свети Николе и по еден нов случај во Прилеп, Крива Паланка и Пробиштип.

Во вчерашниот билтен се регистрирани и 41 оздравен, од кои најмногу (29) во Скопје. Активни случаи во земјава се 2.868 од кои 1.653 се во Скопје. Трицифрени бројки на активни случаи има во Тетово (316), Куманово (229) и Штип (207). Во Штип се направени и 77 скрининг-тестови во градинките, но нема позитивни.

Меѓу скопските општини, Чаир е сè уште на врвот на листата со најголем број активни случаи (363), а следуваат Гази Баба со 148, Бутел (133), Аеродром (129), Центар (126), Сарај (125) и Карпош со 115 активни.

Покрај на Инфективната клиника и болницата „8 Септември“ која функционира како КОВИД-центар, за прием на пациенти инфицирани со вирусот од денеска ќе функционира и Детската болница Козле.

Министерството за здравство вчера соопшти дека од денеска оваа болница ќе прима возрасни пациенти со КОВИД-19 и дека на располагање ќе бидат 60 места за болничко лекување на возрасни и 15 за деца сомнителни и заразени од вирусот. Предвидено е да се хоспитализираат пациенти со полесна и средна клиничка слика.

Сомнителни и заболени пациенти со коронавирус се лекуваат и во болниците во Куманово, Тетово, Штип, Велес, Прилеп, Битола, Охрид, а се подготвува и КОВИД-центар во Кавадарци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This