Бројот на пoчинaти од кopонавирус во Шпанија може да е 60 отсто поголем од официјалниот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројот на починати од Ковид-19 во Шпанија може да биде дури 60 проценти поголем од официјалната статистика, според која починале 28.432 лица, објави весникот „Ел Паис“.

Официјалната бројка вклучува само луѓе на кои им е дијагностициран коронавирус, но не и луѓе кои починале под сомнение дека ја имале болеста и не биле тестирани.

„Бидејќи тестирањето не е распространето, особено во првата фаза на пандемијата, официјалната бројка може да биде помала од реалната, како и во многу други земји“, пишува весникот.

Земајќи ја предвид регионалната статистика за смртни случаи кај кои бил потврден коронавирусот како и бројот на починати кај кои постои сомневање дека го имале вирусот „Ел Паис“ дошол до 44.886 смртни случаи.

Ако проценката на „Ел Паис“ е точна, Шпанија е зад Велика Британија – европска земја со најмногу смртни случаи од коронавирусот.

Шпанското Министерство за здравство не одговорило на барањето за коментар.

Анализата на „Ел Паис“ приближно се совпаѓа со статистиката на Националниот епидемиолошки центар и Националниот центар за статистика (ИНЕ), кои регистрираат колку смртни случаи има во целата земја споредено со претходните години.

ИНЕ во јуни објави дека се регистрирани 43.495 повеќе смртни случаи во првите месеци од 2020 година отколку во истиот период лани, иако тие не кажале во која мера оваа разлика може да се припише на пандемијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This