БРУКА ВО МВР: Државниот секретар Магдалена Несторовска примила африкански спиритуални лидери како делелгација, луѓето барале азил

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двајца Африканци  направиле циркус во МВР откако биле пречекани како претставници на хуманитарна организација, а всушност биле обични баратели на азил, дознава „НетПрес“ од извори во министерството. Спиритуалните енџиоа по налог и одобрение на министерот Оливер Спасовски биле примени со највисоки почести во МВР.

Според информациите до кои дојде „НетПрес“, двајца државјани на една афричка држава испратиле барање за разговор во министерството, но со намера да побараат азил, а не да разговараат за проблемите на бегалците. Тие преку имејл комуницирале со МВР, но се преставиле како претставници на невладината меѓународна организација Humanity’s Team Worldwide.

Во оваа меѓународна организација, меѓу другото, членуваат и духовни мотиватори, какви што се претставиле дека се и двајцата Африканци, кои требало да помогнат на мигрантите и бегалците во земјава.

Комуникацијата продолжила, па бил договорен прием во МВР, а нивен  домаќин била државната секретарка Магдалена Несторовска. Од нејзиниот кабинет за потребите на посетата ги  направиле соодветните подготовки, според сите протоколарни марифети, со сниматели и други активности.

На договорениот датум азилантите допатувале во Скопје со авион, каде биле пречекани од  претставници на министерстовото кои со службени возила ги зеле и ги однеле во МВР.

Се течело според протоколот, но проблемот настанал кога овие мотивациски спиритуалци на сред состанок и рекле на секретарката дека вистинската причина поради која се дојдени во Македонија е да побараат азил во земјава бидејќи доаѓаат од африкански земји и сакале да емигрираат во Европа.

Состанокот бил веднаш завршен, но не знаеме дали Африканцие добиле азил.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This