БРУКА НА АРСЕНАЛ: Договориле засилување, па не можеле да го платат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Арсенал не му оди на теренот, но не му оди ниту со работите надвор од него.

Пред неколку дена Арсенал го договорил трансферот на шпанскиот стопер Пабло Мари од Фламенго.

Овој 26 годишен фудбалер пред неколку години беше под договор со Манчестер Сити, но не успеа да запише ниту еден настап. Беше испраќан на позајмици, а најдоброто го прикажа во дресот на Фламенго минатата сезона кога стигна до титулата во бразилската Серија А и Копа Либертадорес.

Мари допатува во Лондон каде што ги помина лекарските прегледи и во секој момент се очекуваше да потпише договор и тоа да биде објавено. Сепак, на крајот трансферот пропаднал затао што Арсенал не можел или не сакал да ја плати договорената сума од девет милиони евра.

Медиумите пишуваат дека управата на „топџиите“ доцна сфатиле дека не се во можност да ја исплатат таа сума.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This