БРУТАЛЕН ПОЛИТИЧКИ РЕВАНШИЗАМ: Полицајци од обезбедувањето на претседателската и премиерската вила избркани од работа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На осум лица вработени во резервниот полициски состав при Секторот за внатрешни работи во Охрид им било соопштено дека од денес повеќе не се на работа. Тие во изминатите две години работеле како обезбедување на вилите на премиерот и претседателот на државата кои се наоѓаат во Охрид. Велат дека не се членови на ниту една политичка партија, но сепак се сомневаат дека станува збор за политички прогон, пренесува АлсатМ

„Немало потреба од нас, а во исто време се примени нови осум. Јас можам да го толкувам и како лични интереси и како политички прогон“, вели Влатко Анѓелески- отпуштен од резервниот полициски состав во СВР Охрид.

„Дежурниот синоќа ни се јави без претходна најава дека ќе бидеме избркани од работа, бидејки денес почнуваат нови осум припадници на резервниот состав. Имавме пофалби и од началникот на обезбедување и кај премиерот и претседателот“, кажува Кристијан Дулески-отпуштен од резервниот полициски состав.

„Остануваме социјални случеви без никаков приход“, рече Сашо Спироски–отпуштен од резервниот полициски состав.

Овие луѓе велат дека биле примени со договор на дело, а последните две години редовно земале плата, но не добивале решенија за работа. Не биле ниту здравствено или пензиски осигурани. Од СВР Охрид ни најавија дека ќе излезат со официјално соопштение за случајот.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This