БРУТАЛНА ПАРТИЗАЦИЈА: Зечевиќ и Кирацовски како партиски функционери состанчеа со Советот на општина Шуто Оризари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Една година СДСМ спроведува брутална партизација во сите државни, јавни и општински установи. Ова не е за изненадување со оглед дека беше најавено од самиот Зоран Заев уште пред неколку години кога на еден собир на партијата рече дека ќе брка се од чистачка до директор. Тоа што го најави во тоа време Заев го спроведува на дело. Брка од работа луѓе и се пресметува со неистомисленици а, на нивно место става проверен партиски кадар на СДСМ.

Последниот случај ни доаѓа од Шутка каде пак во главна улога е поранешниот пратеник на СДСМ, Курто Дудуш. Имено тој во придружба на генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски имаат одржано партиска средба на СДСМ во општинските простории во самата зграда на општината. Ова е еклантатен пример како некој ја злоупотребува својата положба и положбата на општината се со цел да се стави во финкција на партијата.

Инаку, Курто Дудуш е познат по тоа како подразбира што значи да се има членска на СДСМ. Јавноста е сведок како пред ја превземат власта СДСМ ја разбира власта. Тогаш на таа средба Дудуш им објасни на насобраните граѓани зошто е важно да поседуваат членска од СДСМ.

–Да се биде член на СДСМ е голема работа. Дали ќе имате проблеми во Социјално за нешто најмало, дали нема да поминете на пешачки премин и ве казни полиција, дали ќе управувате со автомобил кој не е регистриран или не сте вклучиле светилки или пак не сте врзани со појас. Дали во некое министерство ќе ти треба некаков документ, дали кога ќе отидете на лекар, ќе ви треба познанство, дали ќе треба да се вработите во некое министерство, не знам, за икс работи за секојдневни потреби. Затоа ќе биде многу битно да имате таков документ, затоа што таа ќе ти биде втора лична карта, рече Дудуш.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This