БРУТАЛНО ТРОШЕЊЕ НА НАРОДНИТЕ ПАРИ: Неверојатни 465.000 евра за патни трошоци, 50.000 евра месечно, по 12.000 евра од пратеник на СДСМ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратениците во изминатите 9 месеци од буџетот на државата добиваат вртоглави суми на парти, а убедлив рекордер според исплатени патни трошоци во 2017 година е Алија Камбероски од Партијата за европска иднина дел од владеачката коалиција.

Пратениците ја продолжуваат практиката да наплаќаат од државата огромни суми за патарини и превоз. Јавноста масовно ги критикуваше пратениците за наплаќање на овие надоместоци, но сепак тоа не ги премисли во 2017 година да ја наплатат рекордно најголемата сума исплатена за патни трошоци.

Според некој пресметки за помалку од 9 месеци ново парламентарно мнозинство пратениците потрошиле 465 илјади евра за патни трошоци. Односно без месеците декември, јануари и февруари во просек биле исплаќани 50-тина илјади евра месечено. За последниот месец од ланската година и првите два месеци од новата година се уште нема точни податоци.

На пратеникот Алија Камбероски од владеачката коалиција му се исплатени неверојатни 12.847 евра или па 1.427 евра месечно. На второ месо е пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска од Битола која добива 11.736 евра. Во топ листата за исплатен на најголем број на патни трошоци се дури 10 пратеници се од владеачката СДСМ.

Застрашува фактот што оваа година во историски најголемиот буџет досега е одобрено рекордно најголемата сума за патни трошоци на парламентот. Ако минатата година се потрошија околу 460 илјади евра, патните трошоци оваа година би изнесувале 1.3 милиони евра.

Изминативе девет месеци пратениците немаат многу многу работа. Опозицијата делумно го блокираше собранието, а неколку месеци не се гласаа нови закони. Пратениците за најмал број на седници во историјата сепак земаа најголема сума на пари од државата за патни трошоци досега.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This