April 20, 2024, 11:42 am

Бугарин кој доаѓа и пазарува секој викенд во Делчево: Нека не ве лажат, ова се вистинските причини поради кои доаѓаме во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓанин на Република Бугарија, од Благоевград кој е градче кое се наоѓа најблизу до граничниот премин меѓу Македонија и Бугарија, во изјава за нашиот портал Делчево Денес вели дека е заблуда дека во ЕУ се живее подобро и ги кажува причините поради кој тој доаѓа речиси секоја пазарна Сабота во Делчево.

Па не само јас, туку и моето семејство, моите роднини, но и пријатели доаѓаат да пазаруваат во Делчево. Кај нас во Благоевград веќе сите знаат кога кај нашите браќа во Македонија, поточно во Делчево е пазарен ден. Бидејќи имам пријатели од Македонија, знам дека кај вас има поделени мислења за тоа зошто ние доаѓаме во Македонија односно во вашето градче. Од она што го знам е дека едните велат дека сме имале повеќе пари, па ете сме се одлучиле да си дозволиме да ги трошиме парите и во друга држава, но тоа воопшто не е така. Точно е тезата на оние вторите кои знаат дека во Бугарија не се живее подобро, туку се живее исто како кај вас, кои дури имате и поквалитетна ихсрана, месо и прехранбени продукти.

Зошто доаѓаме во Делчево?

Главната причина поради која со автобуси и автомобили доаѓаме кај вас не се многуте пари со кои ние располагаме, туку вашиот квалитете, вашата скара, вашите ниски цени на пазарот, квалитетот на зеленучкот, овошјето, месото, прехрабените продукти, далеку пониските цени за забар, пониските цени за гориво, но и добрата услуга која ни ја пружаат самите домаќини во делчевските ресторани и кафеани.

Лага е дека во ЕУ односно дека ние во Бугарија живееме многу подобро. Живееме исто, онака како што живеевме и пред пет години. Да, можеби има промени, но тие се чувствуваат во главниот град Софија, во инвестирањето во инфраструктурата, во градежништвото, во бизнисот, но не и во животот на обичниот граѓанин. Можам да ви кажам дека платите, пензиите и не се покачени многу, односно се покачени исто онолку колку што се покачени и трошоците.

Кај нас за квалитет на месо да стане збор е смешно, додека кај вас тоа се чувствува уште кога ќе ти г донесе келнерот на масата. Вие сте навистина добродушен народ, луѓе домаќини и тоа се единствените причини поради кои ние доаѓаме кај вас, вели Кирил Георгиев од Благоевград.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This