БУГАРИТЕ ЗАДОВОЛНИ ОД ПОТЕГОТ НА ШИЛЕГОВ: Демонтирањето на „бугарскиот национален револуционер“ е добра вест

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски е задоволен од дислоцирањето на Андон Ќосето, бидејќи тој неговото поставување пред судот во Скопје го доживеал како навреда.

„Одлични вести за бугарската кауза во Македонија. Андон Ќoсето е една од истакнатите личности на ВМРО, заслужен бугарски национален револуционер, докажан бугарски борец. Ставањето на овој споменик беше провокација против бугарската историја. Неговото дислоцирање е спроведување на Договорот за соседство. Браво“, пишува на својот Фејсбук профил европратеникот од редовите на партијата на Каракачанов.

Понатаму тој продолжува иронично да коментира:

„Само Стефан Братанов ми даде одлична идеја. Не е лошо да се побара готовиот споменик и да го инсталираме во Благоевград, на пример. Затоа што тој (Ќосето) умрел таму во 1953 година“.

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This