БУГАРИТЕ НИ ЈА ПИШУВААТ ИСТОРИЈАТА: Бугарските и македонски експерти денеска пак на средба за Делчев, учебниците…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Осма средба на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија денеска ќе се одржи во Охрид на која одново ќе се расправа за значењето на личноста и делото на Гоце Делчев и евентуалното заедничко чевствување.


Дискусијата за Делчев, минатиот состанок беше исцрпувачка и според бугарската страна „бесплодна“поради што членовите ги продолжуваат разговорите на темата.

Како што дознава МИА ќе се разговара и за тоа како да се изнајдат заеднички препораки за подобрување на учебниците по историја кои го обработуваат средновековниот период.

Официјална Софија минатата недела усвои Рамковна поозиција и усвои Декларација во парламентот во која се поставуваат услови за поддршката на Македонија како што е употребата на македонскиот јазик, ставот за Гоце Делчев, „заедничката“ историја.

Премиерот Зоран Заев вчера имаше средба со македонскиот тим од Комисијата на која го пренел ставот дека Влада останува посветена на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This