April 26, 2024, 10:06 am

БУГАРИТЕ СЕ ТУРЦИ ИЛИ ТАТАРИ: Да и помогнеме на Софија да ја врати Бугарија на корените во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на Бугарскиот национален историски музеј, Божидар Димитров, е дециден: Корените на “Бугарскиот народ“ се во Монголија!

Иако Македонија била само три месеци во рамките на Бугарија од 3 март до 13 јуни 1878 година колку што траел Санстефанскиот мировен договор меѓу Царска Русија и Отоманската Империја до одржувањето на Берлинскиот Конгрес од 13 јуни до 13 јули 1878 година на којшто договорот бил ревидиран, историјата на Македонија е најромантичниот дел од историјата на Бугарија, Илинденското востание Софија го смета за бугарско, Македонскиот јазик го смета за дијалект на бугарскиот јазик, а Македонија ја смета за дел од Бугарија.

Без Македонија, Бугарија останува без историја, освен таа за Татарстан, Кина и Монголија. Токму поради тоа што во Бугарија има се’, само Бугари не’, по Устав, во Бугарија сите се Бугари!

Да биде иронијата поголема, заради монолитност на бугарската нација како политичка нација, за Софија Македонците се посрбени Бугари, како што за Белград Македонците се побугарчени Срби, старите амбиции од Балканските војни 1912-1913 година кога е извршена окупација врз Македонија и геноцид врз Македонскиот народ, или како што вели Божидар Димитров “Македонците во Македонија се второкласни Срби, а Македонците во Бугарија се првокласни Бугари!“

Тоа е вистината за Бугарите и за Бугарија!

И наместо да се занимава со пофундаментални прашања, како да ја спречи трајната емиграција која го празни просторот а нацијата секундарно ја остаре, бидејќи само од 2007 година до денес, од пристапувањето на Бугарија во сојуз со Европската Унија, од Бугарија се иселени околу 3.000.000 млади и образовани Бугари во Западна Европа, поради што за најмногу 30 години во Бугарија нема да има Бугари, туку само Роми и Турци, на Софија главна преокупација и’ се Македонија и Македонците!

Као и да е, Бугарија е за жалење и ние Македонците треба да и’ помогнеме! Да ја вратиме Бугарија на корените во Македонија и историската вистина, дека и покрај сите фалсификати, Бугарите како политичка нација во основа се етнички Македонци, Македонија е основата на државноста на Бугарија!

И се’ додека антимакедонизмот на Софија е официјална доктрина на Бугарија, некои кругови времено ќе се лажат по коњската опашка на Хан Аспарух, по Татарстан, Кина и Монголија. Но, ќе заврши модата и на таа лажна бугарска историја. Ќе дојде ден кога Софија ќе ја врати Бугарија на корените на Македонците и на Македонија!

Односно, се’ додека за Софија Македонците се Бугари, Македонскиот јазик е дијалект на Бугарскиот јазик, а Македонија е дел од Бугарија, Договорот за добрососедство меѓу Зоран Заев и Бојко Борисов, кој ќе важи колку и Санстефанскиот мировен договор, е велепредавство на Македонската нација и држава, Македонците го отфрлаат и никогаш нема да го прифатат него!

Пишува
Тодор Петров

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This