БУГАРИТЕ СО НОВА ПРОВОКАЦИЈА: Историјата на т.н. македонски јазик е бугарска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нема знак на еднаквост меѓу јазик и книжевен јазик. Едниот е семеен концепт, а другиот вид. Бугарскиот јазик ја вклучува историјата и дијалектите, а потоа и современата книжевна норма. Каква е ситуацијата со т.н. македонски литературен јазик-неговата историја и дијалекти се бугарски.

Ова го изјави доцент Ана Кочева од Институтот за бугарски јазик во рамки на Бугарската академија на науките за неодамна објавената брошура „За официјалниот јазик во Република северна Македонија“ во утринската емисија БТВ Новините.

-Има писмено регионална норма на бугарскиот јазик во Северна Македонија, која е плод на политичко инженерство во текот на 1944-45 година. Од тогаш говориме за официјален јазик според уставот на Северна Македонија. Нивната формулација, каква и да е, не се однесува на нашиот устав, вели таа.

Според неа, во периодот по Втората светска војна се формираат три јазични комисии од кои првата, е всушност, јазична, а останатите две политички, кои директивите ги одбиваат директно од Белград и од Москва.

-Првичен напор под диктат на Белград бил да се прифати српската азбука. Тоа не е направено. Се отстранува буквата „ъ“ и се заменува со горен апостроф и така до ден денешен се пишува во македонската норма, потенцира Кочева.
Таа вели дека комисијата признала дека немала време да чека до јазикот да се дојде според законите на природните јазици т.е. врз основа на определен дијалект да се формираат правила, што потоа ќе се развијата.

-Ние направивме многу отстапки, вклуќувајќи го и терминот „заедничка историја“. Зашто до 1944-45 година ние немаме заедничка историја, туку има една историја, зашто има еден политички субјект, една држава Бугарија, категорична е Кочева.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This