БУГАРИТЕ УШТЕ СЕГА БАРААТ АНЕКСИ НА ДОГОВОРОТ ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО: Нов договор за Илинденското вocтание помеѓу Бугарија и Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Георги Прванов, бугарскиот претседател од 2002 до 2012, денеска побара Бугарија и Македонија да постигнат уште еден посебен договор само за Илинденското востание со што „ќе се дефинира заедничката историја“, пишува Фокус.

Ова Прванов го нагласи на претставувањето на документираниот зборник под негово редакторство „Илинденско-Преображенско вocтание во 1903 преку погледот на европските дипломати“.

Тој наведе дека не е против соседот да гради нов сопствен идентитет, но тоа да не биде на бугарска сметка.

– Со текот на времето се пocилна ќе станува потребата од нов политичко-дипломатски договор помеѓу Скопје и Атина. Нашите политичари долго време молчат за да не го вознемиpaт Скопје, но треба да се укаже на заедничката историја на основа на бугарско самопознание – рече Прванов.

Наведе дека не е задоволен од работата од бугарската страна во мешовитиот комитет и дека ефектот не е постигнат по договорот за добрососедство во 2017-та.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This