БУГАРИТЕ ЌЕ ОДРЕДУВААТ ШТО ЌЕ ГЛЕДАМЕ И ШТО ЌЕ ЧИТАМЕ: Бојко Борисов очекува дека Скопје ќе превземе соодветни активности да цензурира!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Договорот ќе биде правно обврзувачки документ меѓу двете земји регулира трајно и стабилно добрососедските односи и стремежот за развој на соработката меѓу двете земји. Очекуваме по потпишувањето да се преземат вистински акции од страна на властите во Република Македонија за престанок на антибугарската пропаганда, говор на омраза и откажување од претензии кон Република Бугарија, посочува бугарскиот премиер Бојко Борисов за Договорот за добрососедство, со што нагласува дека очекува и му е ветена цензура на медиумите кои ќе информираат за сѐ она што во Бугарија се смета за „антибугарско“, а тоа е истакнување на македонската посебност, јазик, култура, народ со своја историја.

Речиси истовремено додека во Скопје Зоран Заев посочуваше дека нема да спроведува цензура врз медиуми кои нема да ја поддржуваат бугарската „вистина“, Борисов потврдува тоа што и неговата заменичка Екатерина Захариева го посочуваше, дека македонски медиуми воделе „антибугарска кампања“ со тоа што ги пребројуваше текстовите во кои се нагласува македонската посебност, наспроти бугарските антимакедонски тези,  особено оние дека „македонскиот народ е производ на коминтерната; јазикот е бугарски дијалект; споделуваме иста историја“, пишува Република.

 

Според стенограмот од бугарската владина седница поделен на медиумите, Борисов оценува дека „За успешното враќање на Република Македонија на европскиот пат од суштинско значење е земјата да ја надмине наследените пропагандни стереотипи и неконструктивни дејствија спрема соседите“.

Тој истакна дека „со години неколку бугарски влади од целиот политички спектар биле ангажирани во преговорите“, а притоа „опстојувајќи на бугарскиот национален интерес“.

Токму во насока на тој интерес, Борисов нагласува дека „посетата на Заев во Софија и изразената позиција кон заедничката историја е прв чекор во стремежот за изградба на нов дух во односите“.

„Оваа заедничка, како тие го нарекуваат историја, можеме да славиме празници заедно, да се радуваме заедно, а не постојано оваа тешка конфронтација која оди и досега, во пракса не е од корист за никого… Со употребата на терминот ‘Нашата заедничка историја’ во договорот велиме дека историјата не обединува, а не не разединува“, објаснува Борисов на владина седница.

Сите овие насоки кои ги дава Борисов на медиумите се косат со заклучоците на Заев дека искажани при презентацијата на текстот на Договорот, дека немало да бидат обврзувачки извештаите на согласно договорот формираната „мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања“, која ќе „придонесуваат“ за „објективно и засновано на автентични и на докази засновани историски извори, научно толкување на историските настани“, а за што еднаш годишно ќе поднесуваат извештаи пред двете влади.

Шефицата на бугарската дипломатија Захариева претходно веќе најави дека првите резултати ќе почнат по формирањето на комисиите, три месеци по потпишувањето на договорот.

Во Скопје, но и никогаш до сега, македонската јавност не ги слушна ниту  Заев ниту Никола Димитров дека таа комисија ќе работи и на згаснување на антимакедонската пропаганда во бугарските медиуми, во што предничат ликови како Божидар Димитров и Красимир Каракачанов, но и цели рубрики во медиумите посветени на „Вицови за Македонците“.

33 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This