БУГАРИТЕ ЌЕ СЕ ПОДМОЧААТ ОД СРЕЌА: Ако не беше Заев на власт, туку ВМРО-ДПМНЕ, немаше да имаме ваков добар договор!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Сегашниот резултат по македонското прашање беше постигнат пред се затоа што се смени власта во Скопје“, изјави пратеникот на БСП и поранешен министер за надворешни работи на Бугарија Кристијан Вигенин на седницата на која се дискутираше за договорот за добрососедство кој ќе го потпишат Заев и Борисов на 1-ви август во Македонија.

Покрај поддршка од БСП и Герб на Борисов, договорот меѓу Македонија и Бугарија доби особена поддршка од најголемите бугарски националистички партии ВМРО-БНД и АТАКА.

Овие партии не признаваат постоење на македонска нација и јазик, а ја негираат и нашата историја. Красимир Каракачанов од ВМРО-БНД честопати изјавувал дека македонија има бугарски карактер и дека иднината и е или во голема Албанија или голема БУгарија. Став на неговата партија е дека се среќни поради овој специјален договор.

Такви чувства има и Волен Сидеров од АТАКА. Тој вели дека „потпишувањето на договорот е историски момент во новата политичка историја на Бугарија и се радувам што сум дел од него. Сидеров кој се потпиша на декларацијата за поддршка на договорот е исто така потпишан и на текстот „Единство против македонизмот“ како и на декларацијата против репресија на Бугарите во Македонија.

Луѓето кои сега го поддржуваат Заев и порано барале официјално да се промени содржината на македонските учебници – нешто што сега и официјално Заев прифати да биде дел од договореното со Софија.

Сите 206 пратеници кои во тој момент беа во Собранието на Бугарија гласаа „За“ декларацијата со која парламентот и’ даде поддршка на владата за да го потпише договорот за добрососедство со Македонија што треба да се случи на 1-ви август во Македонија.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This