БУГАРИЈА ГО ОПЕРАЦИОНАЛИЗИРА ДОГОВОРОТ: Македонскиот јазик заминува во историјата како лош, деструктивен дијалект на Бугарскиот јазик!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во гостувањето на бугарска телевизија доцент Ана Кочева од Институтот за бугарски јазик, јасно го произнесе нејзиниот став кој што е воедно став и на цела Република Бугарија, а тоа е дека македонски јазик не постои.

-Македонски јазик не постои, тие сами си го имаат измислено односно создале некој дијалект кој што е наречен Западно бугарски дијалект, изјави доцент Ана Кочева.

Исто така таа смета дека и во Македонските учебници по историја треба да стои дека Македонците зборувале и зборуваат западно бугарски дијалект, а не македонски јазик.

Кочева рече дека таква промена во македонските учебници нема да предизвика никаква загрозеност на македонскиот суверенитет. И бугарскиот јазик има повеќе форми и тоа не е ништо невообичаено еве на пример албанскиот јазик се зборува во две држави Албанија и Косово, грчкиот се зборува во Грција и Кипар, турскиот јазик се зборува исто така во две држави Турција и Кипар, романскиот се зборува во две држави Романија и Молдавија, па сепак овие држави не постанале помалку суверени.

 

Германски се зборува во Австрија, Швајцарија во Германија, никој не тврди дека во Австрија и Швајцарија има друг јазик. Француски се зборува во Франција, Белгија , Швајцарија, Бугарски се зборува во Бугарија и во Македонија.

Кочева во своето гостување кажа дека таткото на македонизмот е Србин и дека тој е Стојан Новаковиќ, македонизмот е создаден за да се спротивстави на бугарштината во Македонија. Македонизмот се развива под покровителство на комунистичката интернационала во што и учествува и Бугарската комунистичката интернационала при што тоа го прават како составен дел од нивната идеологија, определување на нации и јазици според нациите и всушност под комунистичката интернационала диктат се налага создавање на таканаречениот македонски јазик кој заради тоа има и роденден, а тоа 2ри август 1944 година , што не е случај со ниту еден друг јазик.

Официјалниот јазик, во Република Македонија, е бугарскиот јазик при што во самата Македонија во врска со ова прашање има две различни струи, дополни таа.

На крајот од гостувањето Кочева изјави дека сега се потребни  дебати со заедничките комисии врз основа на договорот за добро соседство. Таа се надева на што побрзо ратификување на договорот за да може слободно да си ги искаже ставовите.

23 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This