April 18, 2024, 10:37 pm

Бугарија незaдовoлнa од спpoведувањето на Договорот за добрососедство, бара забелешките да влезат во Преговарачката рамка за Република Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефот на бугарската дипломатија Светлан Стоев истакна дека меѓу клучните приоритети на надворешната политика на Бугарија е еввроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан, меѓу кои и на Македонија. Истакнувајќи го континуитетот и политиката на Бугарија во однос на европскиот пат на Република Македонија, Стоев нагласи дека во последните години Софија изразила загриженост за спроведувањето на билатералниот договор од 2017 година, јавува дописникот од МИА.

Претставувајќи ги надворешно-политичките приоритети на неговата земја пред дипломатскиот кор акредитиран во Софија и пред претставниците на 83 земји и меѓународни организации, Стоев рече дека поддршката на Бугарија за земјите од Западен Балкан е конзистентна и се заснова на клучни принципи за следење на критериумот за индивидуалните достигнувања на секоја земја-кандидат за членство и инсистира во Преговорачката рамка за Република Македонија да се земат предвид и нејзините забелешки.

Според Стоев, Бугарија и натаму ќе биде еден од најсилните поддржувачи на процесот на проширување на Унијата, што се докажа за време на бугарското претседавање со ЕУ и при заедничкото копретседавање со земјава со Берлинскиот процес во 2020 година.

Стоев нагласи дека главен приоритети на Бугарија во надворешната политика останува нејзино зачленување во Еврозоната и во Шенген зоната и пристапување на земјата кон Организацијата за економска соработка и развој.

Меѓу другите бугарски приоритети, Стоев го истакна и претседавањето на Бугарија со форматот „Три мориња”, за кој, како што рече, има многу голем меѓународен интерес.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This