Бугарија очигледно оди на нови избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Очигледно уставната процедура завршува и ние одиме кон предвремени парламентарни избори, нагласи Плевнелиев. Реформаторите го вратија третиот и последен мандат за состав на новата Влада на претседателот Росен Плевнелиев.

bulgarian_parliament_todorbozhinov_thumb-1

Во канцеларијата на претседателот пристигнаа претставникот на Бугарското национално движење (БНД) Борислав Великов, потпретседателите на Сојузот на демократски сили (СДС) Румен Христов и Костадин Марков и Александар Христов од Бугарскиот земјоделски народен сојуз.

Претседателот Росен Плевнелиев им се заблагодари за напорите кои ги дадоа „пред очите на целиот народ“, како и за водените преговори.

– Очигледно уставната процедура завршува и ние одиме кон предвремени парламентарни избори, нагласи Плевнелиев.

Румен Христов го изрази жалењето на реформаторскиот блок што не успеале да постигнат согласност во рокот поставен од претседателот.

Претседателот Росен Плевнелиев во текот на денот ќе даде изјава со која се очекува да стане јасно дали ќе назначи службен кабинет или ќе ја остави сегашната Влада до 22 јануари, кога стапува на должност новиот претседател Румен Радев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This