April 20, 2024, 11:13 am

Бугарија се соочува со голем недостиг на струја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Романскиот министер за енергетика, Флориан Тома Петку, денеска изјави дека во неделата вечерта Бугарија побарала итна помош во испорака на електрична енергија заради проблеми со системот.

0999404001483859381_586352_600x458_actualno-640x488

-Водејќи сметка за деликатната ситуација во која може да се најде Романија, ние не се ангажиравме околу барањето и им кажавме дека не можеме да им помогнеме, изјави денеска Петку по седницата на енергетскиот зимски команден штаб, јавија романските медиуми.

Министерот посочи дека заради ниските температури денеска и утре се очекуваат историски рекорди во потрошувачката на електрична енергија во земјата, и од оваа причина производството се зголемува.

Според него, овој дополнителен напор нема да се одрази на сметките за струја на населението.

Флориан Тома Петку информира дека потребата од електрична енергија ќе го надмине обемот од 9,500 мегавата дневно, а потребите од гас може да достигнат 74 милиони кубни метри дневно. Според него, ова е историски рекорд, бидејќи досега достигнатиот максимум изнесуваше 71,2 милиони кубни метри гас дневно.

Потрошувачката на електрична енергија утринава во Романија беше за десет отсто повисока во споредба со истиот ден од претходната година, достигнувајќи 9,247 мегавата, јави националната компанија „Транселектрика“, цитирана од  Аџерпрес.

Во Букурешт и во речиси сите окрузи од Романија денеска беше прогласен портокалов код за опасност од студот. Максималните температури ќе бидат од минус 15 до минус 10 степени, а минималните се очекува да опаднат до минус 29 степени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This