БУГАРИЈА СЕ СООЧУВА СО НАЦИОНАЛНА КАТАСТРОФА: Бугарите масовно си заминуваат од земјата, платите стагнираат, нема кој да работи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарските политичари често говорат дека Бугарија ја напуштиле вкупно 1.5 милиони жители во обид да ја оправдаат националната катастрофа која се случува во земјата, и тоа од моментот кога земјата доби статус на земја кандидат за членство во ЕУ, додека според статистиките на Евростат оваа бројка е нешто повеќе од два милиони

 

Повеќе од два милиони Бугари си заминале од државата, а природниот прираст во земјата е негативен, објавуваат бугарските медиуми, а вината ја посочуваат на отворените граници од моментот кога земјата стана земја кандидат за членство во ЕУ.

Според официјалните статистики, во последните неколку години од Бугарија си заминале помеѓу 1.1 и 1.6 милиони Бугари.

Политичарите се обидуваат ова да го оправдаат со тоа што статистиките ги извртуваат со зборови, тврдејќи дека во странство живеат и втора генерација на иселеници, иако во земјата се случува национална катастрофа од недостаток на млади и работоспособни луѓе.

Сличен ефект имаше и Хрватска, која се соочи со енормен одлив на работоспособно население, додека во земјата драстично поскапува животот, а платите остануваат на истото, ниско ниво.

Ваков ефект ја очекува и Македонија, а проценките се дека до стабилизација би можело да дојде дури 20-25 години  по евентуален влез на државата во ЕУ.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This