Бугарија со вето и за Србија?: Џамбаски ѝ порача на Србија дека нема влез во Европската унија со омpaза кон Бугарите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Србија мора да разбере дека „болшевичките техники и начини“ не преминуваат во ЕУ и дека пристапувањето во Унијата е можно само откако ќе го скрши јазикот на омраза кон другите земји, рече бугарскиот пратеник во Европскиот парламент од партијата ВМРО БНД Ангел Џамбаски.

Политичарот рече дека се обратил до Европската комисија откако српскиот политиколог Драган Симеуновиќ ги обвини Бугарите за злосторства во минатото, насилна бугаризација и територијални претензии кон Србија.

„Бугарите се познати по злосторствата што ги правеа каде и да одеа. Германците убиваа само, додека Бугарите ги малтретираа своите жртви. Тие имаа и одреди за силување”, рече политикологот во февруари.
„Поради сите овие недозволиви, грди и невистинити манипулации, и се обратив на ЕК. И се обратив на Комисијата со прашањето, дали ќе побара од Србија објаснување зошто се обидува да ја демонизира Бугарија и да го дестабилизира регионот со помош на ваквите изјави и предлози?“, напиша Џамбазки на Фејсбук.

Како одговор, Европската комисија рече дека политичките лидери на Балканот треба да дадат пример за создавање атмосфера на заемна доверба, одржување на добрососедски односи, регионална соработка, принципи и вредности промовирани од ЕУ. Според zамбаски, Србија треба да ги почитува правата на националните малцинства во согласност со Поглавје 23.

„Ова поглавје предвидува Србија да преземе мерки насочени кон зголемување на нивото на толеранција меѓу граѓаните, меѓу другото преку едукација и подигање на свеста за тоа како да се бори против злосторствата од омраза и да се осигури дека ваквите случаи се ефикасно истражени. Комисијата продолжува да го следи ова. Извештаи за развојот на ситуацијата во оваа сфера, како и учеството во дијалогот со српските власти“, се наведува во соопштението на ЕК.
„Се надевам дека властите во Србија ќе размислат за ова и ќе ја променат целата своја политика кон Бугарија“, заклучи Џамбаски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This