БУГАРИЈА СО ЗAKAНА: Ако не се договориме за Гоце Делчев, ќе ја пpекинеме соработката!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако не се договориме за заеднички датум за чествување на Гоце Делчев, ќе ја пpекинеме работата во Заедничката Комисија со С. Македонија” изјави денеска министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева за бугарските медиуми.

Бугарија не се согласува како датум за заедничко чествување на ликот и делото на Гоце Делчев да биде 7 октомври.

Дали со ова се остава простор Бугарија да ја блоkира Македонија на патот кон ЕУ за секое историско прашање за кое нема да се согласат и буквално Македонија ќе биде условувана да ја брише својата историја само да ги задоволи буграските апетити.

Заедничката меѓу владина комисија ќе одржува редовни средби еднаш годишно со цел за преглед на ефективната примена на овој договор. Што значи тоа? Тоа значи дека оваа меѓувладина комисија зависно од политичкото расположение во соседна Софија, зависно од тоа дали тие сметаат дека некој учебник е доволно изменет, дека некој споменик е тргнат или корегиран, дека некоја историска личност или настан е прилагоден на нивните желби. Преку оваа меѓувладина комисија за надзор и спроведување на билатералниот договор ќе добијат лeгално право да ја попpeчуваат Македонија во своите аспиpации, рече Милошоски пред ратификацијата на Договорот со Бугарија.
На ова укажуваше и поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник Антонијо Милошоски токму пред ратификацијата на Договорот за добрососедство со Бугарија во македонскиот парламент.

Вчера пред комисијата настојувавме за фокус, а до крај на годината и суштествени резултати за прашањата за Гоце Делчев и Илинденското-Преображенско востание. Имаме успеси по темите за цар Самоил, Св. Кирил и Методиј, Св. Наум ! Но како да направиш компромис со вистината за Гоце Делчев-се разбира дека нема да отстапам!-изјави Захариева.

Според министерката за надворешни работи, повеќето Бугари не ни слушнале за датумот 7 октомври, и според неа тоа било едно од најголемите пpeдавства на Бугарската комунистичка партија кога после 1944 година под пpитиоск на Сталин и Тито била признаена македонската нација, а на 7 октомври 1946 година тоа и се случило и затоа немале да го прославуваат тој датум.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This