April 25, 2024, 12:50 pm

БУГАРИЈА ЌЕ ГИ ДЕЛИ ПАСОШИТЕ ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА: Во обид за асимилирање на повеќе Македонци скратени постапките – еве за што ќе се чека 6 месеци!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарскиот заменик-премиер Валери Симеонов за време на тркалезната маса на тема „Демографски политика и трудова мобилност”, изјави дека во моментот дури 53.000 апликации со соодветните приложени документи на 53.000 граѓани на Македонија не можат да станат бугарски државјани, поради одредени недостатоци во законодавната база.

Симеонов истакна дека една од целите на бугарската влада е скратувањето на рокот за добивање на бугарско државјанство до 6 месеци.

„Нашата цел е да го скратиме рокот за добивање бугарско државјанство при целосно исправни документи за 6 месеци. Тоа е нормален период, како од овие 6 месеци – 4 месеци и 17 дена ќе бидат процедурите што се вршат во рамките на извршната власт и останатото време ќе биде, за да може потпретседателот да го потпише соодветниот указ на лицето што треба да добие бугарско државјанство. Нашата работа продолжува, имаме некои проблеми поврзани со несовршеноста на законите „, рече Симеонов.

Заменик-претседателот на бугарската Влада и се заблагодари на бугарската потпретседателка Илијана Јотова, која исто така се ангажирала во дискусијата за изнаоѓање на решение за прашањето за олеснување на режимот за добивање од бугарско државјанство.

Која е процедурата за вадење на бугарски пасош?

За да започнете процедура за вадење на БУГАРСКО ГРАЃАНСТВО потребно е  најпрво да закажете термин за прием до  ,,ДРЖАВНАТА АГЕНЦИЈА ЗА БУГАРИТЕ ВО ЧУЖБИНА(ТУЃИНА) на  ФОРМУЛАР (ОБРАЗЕЦ) за издавање на удостоверение за бугарски происход адресиран: ДО ПРЕДСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВНАТА АГЕНЦИЈА ЗА БУГАРИТЕ ВО ЧУЖБИНА (ТУЃИНА), напишан на бугарски јазик (писмо).

Дополнителни документи кои ви се потребни се:

1.Извод од матична книга на родени

2.Копија од Пасош

3.Декларација (ОБРАЗЕЦ) за бугарско самосознание, заверена на нотар во  Република Бугарија

4.Ако поседувате други дополнителни  документи каде вашите роднини биле бугарски граѓани.

5.Слики (за пасош формат)

Откако ќе ги поднесете сите горе наведени документи ДРЖАВНИТЕ ЕКСПЕРТИ ако се произнесат позитивно на вашето барање во Декларацијата дека имате БУГАРСКО НАЦИОНАЛНО СОЗНАНИЕ, ќе добиете УДОСТОВЕРЕНИЕ од ДРЖАВНАТА АГЕНЦИЈА ЗА БУГАРИТЕ ВО ЧУЖБИНА ДЕКА СТЕ БУГАРСКИ ПРОИЗХОД да ви послужи пред:

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВОСУДИЕ (ПРАВДА)

Откако ќе добиете позитвен одговор УДОСТОВЕРЕНИЕ од Државната Агенција за Бугарите в Чужбина, преминувате на вадење на неопходните документи и поднесување на молба во МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВОСУДИЕ (ПРАВДА), ПРИ ДИРЕКЦИЈАТА ЗА БУГАРСКО ГРАЃАНСТВО

Со МОЛБА(ОБРАЗЕЦ) до  МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА НА РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА – да ви се уважи БАРАЊЕТО од Господинот Министер, поднесувате и Декларација за придобивање Бугарско Граѓанство (ОБРАЗЕЦ) УДОСТОВЕРЕНИЕ и сите потребни документи неопходни пропишани за добивање за БУГАРСКО ГРАЃАНСТВО, преведени на бугарски јазик , заверени на официјален  бугарски преведувач во Република Бугарија , Извод од матична книга на родени на барателот, Сведителство за осудуваност од Суд ,потоа Сведителство за Осудуваност од Полицискиот Орган (дека во моментот на вадење на документот нема кривична постапка против лицето), Медицински документ со ХИВ тест Документ за промена на име ако има таков, Кратка Афтобиографија на молителот, Актуелна Фото снимка на молителот (во пасош формат) сите документи се вадат во земјата од која потекнува молителот и преведени на бугарски јазик се предаваат во ДИРЕКЦИЈАТА ЗА БУГАРСКО ГРАЃАНСТВО, со платена такса.

Потоа се закажува интервју во МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВОСУДИЕ пред ДРЖАВНИТЕ ЕКСПЕРТИ НА ДИРЕКЦИЈАТА ЗА БУГАРСКО ГРАЃАНСТВО

Потоа следи интервју од ДРЖАВНИТЕ ЕКСПЕРТИ кое може да биде закажано неколку месеци одапред, каде ви е одреден  термин.

Ќе треба да одговорите на одредени прашања пред ДРЖАВНИОТ ЕКСПЕРТ, во врска со Бугарската Историја да отценат дали ја познавате Бугарската Историја, знамето државно во какви бои е , одредени датуми на Државни Бугарски празници кои се, потоа дали ги знаете Бугарските Дејци, просвителите на бугарската азбука и нормално ќе ве прашаат зошто сакате да станете бугарски граѓанин, потоа ќе чекате одговор по бројот што сте го добиле дали ви одобриле (дале)  БУГАРСКО ГРАЃАНСТВО со Указ (потпишан од Вицепретседателот на Република Бугарија) каде лесно може да проверите, по неколку месечно чекање на официјалниот сајт на МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВОСУДИЕ ако ви е позитивно решено, добивата УДОСТОВЕРЕНИЕ дека ви е дадено бугарско граѓанство.!!!

Откако ќе го добиете Бугарското граѓанство и станете граѓанин на Република Бугарија, следи процедура за лични документи, лична карта и пасош.

Добиваш адреса на живеење.

 

Извор:
Faktor.mk

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This