БУГАРИЈА ЌЕ ГРАДИ НУKЛEАРНА ЕЛЕКТРАНА: Се бараат инвеститори меѓу соседните земји!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарија има намера да ја гради нykлеарната електранa Белене и ги повикува соседните земји да се вклучат во изградбата што според проценките ќе чини повеќе од шест милијарди евра. За таа намена минатиот месец објави јавен повик во службениот весник на Европската унија за барање стратешки партнер за изградба на Белене со кој ги повикува и соседите земји да се вклучат во проектот. Бугарските очекувања се дека интерес ќе пројават Србија, Црна Гора и Македонија.

Проектот досега е одложуван повеќе пати. Последен пат беше активиран во 2010 година кога рускиот претседател Владимир Путин и понуди на Бугарија руски Росатом да ја изгради нykлеарната електрана Белена за 6,3 милијарди евра.

Предвидено е нykлеарната електрана да се гради на реката Дунав во Белене.

Владата сепиозно ги разгледува понудените опции на јавниот повик, во насока на обезбедување енергетска стабилност и независност. Постои иницијален интерес за вклучување во овој проект и во моментов се прават детални анализи. По направените детални анализи, јавноста ќе биде информирана за ставот и преземените чекори, велат од Владата.

Претседателот на РКЕ ја поддржува идејата земјава да се вклучи во изградбата на Белене
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски ја поддржува идејата земјава да инвестира како држава во некоја нуклеарна електрана што би се градела во соседството.

Резервите на јаглен во Македонија се максимум до 15 години, дури и тој енергенс да го замениме со гас се уште ќе бидеме увозно зависни. Идејата да инвестираме во некоја нуклеарна електрана во соседството е добар начин нашата држава во наредниот период да обезбеди базна енергија која би ја заменила базната енергија што во овој момент ја даваат термоелектраните, вели Бислимовски.

Верувам дека вложувањето во нykлеарната електрана Белене во Бугарија е добар проект за нашата држава. Се разбира дека Владата и останатите инвеститори треба да ги испреговараат условите под кои треба да се гради, но начелно мое лично мислење е дека треба да влеземе во такви регионални проекти имајќи го предвид енергетскиот потенцијал што го имаме како држава, порачува Бислимовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This