Бугарија ќе им плaќа на пeнзионерите за да се вакцинираат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска изјави дека постарите лица кои ќе ја примат вакцината против Ковид-19 ќе имаат право на парична награда, како дел од напорите на неговата влада да ја зголеми стапката на вакцинација, која е меѓу најниските во Европската унија.

Петков, кој ја презеде функцијата овој месец, рече дека секој пензиониран Бугарин ќе добие еднократна исплата од 75 лева (43,40 долари) како додаток на пензија во следните шест месеци, бидејќи е вакциниран со првата или втората доза.

Право на додаток ќе имаат и пензионерите кои веќе примиле три дози.

Тој изјави дека приоритет на неговата влада е да го ублажи притисокот врз болниците и да ги заштити постарите граѓани кои се најзагрозени, пренесе Танјуг.

Бугарија има најниска стапка на вакцинација во ЕУ, бидејќи само 27% од возрасната популација е целосно вакцинирана.

Земјата има највисока стапка на смртност од Ковид-19 во европскиот блок.

Петков рече и дека се надева оти новите стимулации ќе помогнат да се вакцинираат околу 300.000 Бугари постари од 65 години до крајот на јануари.

Бугарија вчера пријави 1.463 нови инфекции, во однос на рекордните во октомври и 56 нови смртни случаи.

Од почетокот на пандемијата, во оваа земја со население од седум милиони луѓе починале 30.359 луѓе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This