Бугарија ja пoддpжa Албанија зa пpeгoвopи co ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за надворешни работи на Бугарија вчера ги соопшти причините зошто ја блокирала уште еднаш Македонија во ЕУ и објави дека нејзиниот претставник на седницата на Советот за општи работи во Луксембург го поддржал отворањето на преговорите со Албанија.

Заменикот-министер за надворешни работи, Румен Александров, им соопштил на неговите европски колеги дека Софија била „отворена за конструктивен дијалог со претстојното словенечко претседателство со Советот на ЕУ за изнаоѓање меѓусебни прифатливи решенија во врска со Македонија“.

– Ова вклучува експлицитно откажување на Република Македонија од територијални, малцински и историски претензии кон Бугарија, промена на натписи/споменици кои влеваат омраза кон Бугарија во Република Македонија, активирање на процес на рехабилитација на жртвите на југословенскиот комунизам репресирани заради бугарската самосвест. Без оглед на нашиот билатерален дијалог со Република Македонија, Бугарија инсистира на тоа дека спроведувањето на Договорот за соседство од страна на Република Македонија да биде вклучено меѓу условите во идната рамка за преговори за пристапување на Скопје во ЕУ, рекол заменик-министерот Александров.

Бугарија ги пофали достигнувањата на Албанија во реформскиот процес и ја потврдила поддршката за усвојување на рамката за преговори на Тирана со ЕУ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This