Бугарија ja пoддpжa Албанија нo нe и Македонија: Ce peaлизиpa ли cцeнapиoтo на Лавров oд пpeд двe гoдини?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одлуката на Бугарија да го блокира почетокот на преговорите за пристапување на Македонија во Европската унија не значи дека некој станува заложник на интересите на двете земји, рече бугарскиот заменик министер за надворешни работи Георг Георгиев.

Георгиев смета дека Софија никогаш не се мешала во евроинтеграциите на соседната земја.

Но, тоа не може да се случи на штета на интересите на земјите кои веќе се членки на ЕУ. Бугарија не може да прави компромиси за прашања што не се само историски, туку и вредносни, рече заменик министерот.

Пред повеќе од една година, Северна Македонија ја блокираше работата на заедничката комисија за историски и образовни прашања и состанокот на набудувачите кои треба да го следат спроведувањето на договорот за пријателство од 2017 година, рече Георгиев.

Илјадници провокативни изјави за Бугарија се појавија во медиумите во Македонија, многу негативни коментари од политичари, јавни личности и историчари, што беше јасен показател дека работите не одат во посакуваната насока, рече дипломатот.

Тој ја коментираше и изјавата на Македонската академија на науките и уметностите дека македонскиот јазик и неговите дијалекти постојат неколку стотици години и се шират надвор од границите на самата држава.

Историските факти не можат да се менуваат, без оглед на тоа што некој се обидува да направи. Таканаречениот македонски јазик е создаден врз основа на бугарскиот јазик, тој е дијалектна форма на бугарскиот јазик, од гледна точка на политиката, нема што да се разговара и коментира. Историчарите и луѓето поврзани со науката можат да разговараат во кој историски момент потекнува овој т.н. јазик. За нас тоа е службен јазик на Република Македонија, заклучи Георгиев.

За време на седницата на Советот на Европа, Бугарија го поддржа почетокот на преговорите со Албанија, но ја блокираше рамката за преговори за пристап на Македонија во ЕУ.

Според министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, Скопје ќе добие поддршка откако ќе ги исполни следниве услови: да се согласи на формулацијата на заедничката декларација од 1999 година и договорот од 2017 година, дека македонскиот е официјален јазик на Република Македонија, дури и ако во рамката за преговори се вклучи клаузула дека Скопје нема да има претензии кон македонското малцинство во Бугарија.

Да потсетиме, во Бугарија нема признато малцинства, иако Турците се трета по големина етничка група во земјата. Според пописот од 2011 година, 1.654 лица се идентификувале како Македонци.

претходниот член,Xepoи на денот
Следната статијаМлaдa скопјанка пpeтeпaнa вo Центаp

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This